» ,
Captur со потпис на Renault Sport

Малку спортска душа

» Некој сигурно ќе се израдува но попусто – ознаката R.S. кај Captur не значи исто како и кај другите модели кои поминаа низ третманот на Renault Sport – тоа е само ниво на опременост кое кокетира со спортското донесувајќи му на малиот SUV изглед насочен кон помладата популација. Веднаш се забележуваат саќестата маска и нагласените браници напред и назад, додека моќта на силуетата ја даваат новите 18-инчни тркала. Отворањето на вратите ги покажува натписот Renault Sport на праговите и атрактивната внатрешност со црвени акценти. Стаклата дополнително се затемнети, а опремата збогатена со предни и задни паркинг сензори, камера, безжично полнење мобилен телефон и друго. Продажбата веќе му е започната, по цени во Франција од 28.400 евра за TCE 140 изведбата и 37.050 за E-Tech 160 хибридот.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *