Избор меѓу бензин, дизел или плаг-ин хибрид
» Генералниот увозник за Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги израдува љубителите на марката – новиот 3008 веќе е достапен за нашите купувачи. Во моментов моделот е во фаза на лансирање и ќе биде на располагање за тест возење за сите заинтересирани кои ќе сакаат да доживеат целосно ново револуционерно искуство зад управувачот на овој современ и уникатен модел. Како што е најавено, стратегијата на брендот преферира на клиентот да му обезбеди моќ на избор, така што сега новиот 3008 се нуди со бензински, дизел и плаг-ин хибриден мотор.
Надворешните линии го истакнува неговиот наметлив карактер со одлична избалансираност помеѓу моќ и префинетост, а неговиот нов преден дел му дава впечатлив идентитет. Со сега обновениот Peugeot i-Cockpit кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството во возењето на новиот Peugeot 3008 е навистина интуитивно, а елементите се така поставени за уште поголемо уживање и едноставно користење. Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува многу повеќе сензации а истовремено и лесно маневрирање. Новиот 10-инчен екран чувствителен на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна команда и multi-touch технологија. Функцијата Night Vision е достапна во новиот 3008 каде при ноќно возење, со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200 метри пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе предупреди со сигнал за тревога.
Истовремено напредниот Grip Control е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата Hill Assist Descent Control. Овозможува да се прилагоди држењето во различни услови: снег, кал, песок. Елегантните хромирани Toggle копчиња овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот висококвалитетен head-up дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот. Кај плаг-ин хибридната верзија i-Cockpit опкружувањето вклучува дисплеј кој овозможува да се има прегледност на специфичните информации за возење на инструмент таблата во видното поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).
Новиот Peugeot 3008 означува почеток на нова смела ера на современост, а сите што сакаат да бидат дел од ова искуство, може да побараат понуда на https://peugeot.mk/vozila/pobaraj-ponuda/3008. Продажните референти и целиот тим на Peugeot стојат на располагање за било какви прашања, а повеќе информации за моделот можат да се најдат на https://peugeot.mk/vozila/peugeot-3008.