Tags: , ,
Citroen го претставува e-Berlingo Van

Препознатливите капацитети и модуларноста дополнети со електричните технологии

» Со намера да понуди поголема продуктивност за професионалните клиенти преку употребата на комплетно нови технологии но без промена на карактеристичната модуларност и капацитетите на товарниот простор, а дополнително и сите придобивки од електричното возење, Citroen ја претставува електрична верзија на своето популарно комерцијално возило Berlingo. За него генералниот директор на Citroen Винсент Кобе рече: „Citroen Berlingo Van како носител на стандардите во делот на мали комерцијални возила е препознатлив по практичноста, која допринесе за многу иновации. Присвојувајќи го најдоброто од електричните технологии, тој сега им нуди на професионалците уште потивко работење кои во e-Berlingo Van ќе најдат идеален партнер за исполнување на секојдневните активности во ненадминлив комфор, со голема слобода при движењето и контрола на оперативните трошоци, без било каков компромис во смисла на товарниот капацитет и волуменот. По e-Jumpy кој е избран за интернационално комби возило на годината, како и e-Jumper, e-Berlingo Van е важна алка во нашата електрична офанзива и опиплив одговор на новите предизвици за мобилност за сите професионалци“.

Во зависност од режимот на возење, литиум-јонските батерии на e-Berlingo Van од 50 kW им овозможува на изведувачите да ги остварат своите зададени одредишта и обиколки и до 275 km со едно полнење. За максимирање на автономијата погонскиот систем ја обновува енергијата за време на фазите на сопирање или забавување на возилото. Батериите кои се наоѓаат под седиштата и подот во товарниот дел и не влијаат на корисната зафатнина, имаат гаранција од 8 години или изминати 160.000 km. Електромоторот овозможува да се достигне максимална брзина од 130 km/h, без оглед на користените режими на возење, кои ги има три – нормален (80 kW/180 Nm) кој овозможува идеален компромис помеѓу автономијата и динамичноста, економичен (60 kW/190 Nm) со кој се оптимизира потрошувачката на енергија и моќен (100 kW/260 Nm) кој овозможува највисоки перформанси.

На располагање се и три можности за полнење, почнувајќи од наједноставниот приклучок, па сè до супербрзото полнење кое овозможува полнење на 80% од батеријата за 30 минути. Приклучокот за домашни услови, за што е потребен кабел од типот 2 е компатибилен со стандарден од 8 А или засилен приклучок од 16 А, кој двојно го намалува времето потребно за полнење и овозможување да се добие 100% полна батерија за помалку од 15 часа или 5 часа и 30 минути за 100 km. Со брзото полнење за што е потребно инсталирање на ѕиден полнач од 3,7 до 22 kW и кабел тип 3  времето за полнење од 0 до 100% трае до 7 часа и 30 минути (монофазно) или 5 часа (трофазно), а супербрзото полнење на јавна станица до 100 kW со кабел тип 4 интегриран во самиот полнач овозможува да се наполнат 80% од батериите за време од 30 минути.

Berlingo, кој сега е достапен и во електрична верзија, од 1996 година има водечка улога во сегментот на мали комерцијални возила веќе три генерации по ред, континуирано еволуира за да ги исполни барањата на пазарот, докажано со продадените повеќе од 1,6 милиони примероци низ светот. e-Berlingo Van доаѓа во две верзии – М од 4,40 m и XL од 4,75 m, првата со простор за товар од 3,3, а втората од 4,4 кубни метри, со корисната носивост до 800 kg.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *