Престана производството на Giulietta
» Веста дека работниците во фабриката Касино на Fiat пред да отидат на божиќен одмор ја испратиле Giulietta во пензија денес на сите јазици го обиколи светот. Но за да алфистите не бидат разочарани тоа беше соопштено заедно со изјавата на полскиот заменик премиер дека Fiat ќе инвестира 167 милиони евра во фабриката во Полска за производство на хибридни и електрични Jeep, Fiat и Alfa Romeo модели, меѓу кои еден ќе биде помал SUV на миланската марка, со големина колку Audi Q2. За него се зборува дека ќе се вика Brennero и дека ќе биде базиран на EMP1 платформата на PSA групата, истата која ја користи и Peugeot 2008 кој има и електрична верзија. Но спецификациите на Brennero би биле поинакви и насочени пред сé кон перформансите, за кои е најдобра хибридна комбинација на бензински и електромотор. Се очекува во 2022 година.
Alfa Romeo лани продаде нешто помалку од 16.000 примероци на Giulietta, а за сите десет години колку се произведуваше околу 475.000.