Лоша среќа или нешто друго?
» Fiat на американскиот пазар остана само со 500X – лани престана продажбата на моделот 500, а сега од понудата се исфрлени и 500L и 124 Spider. Причината можеби лежи во нешто друго, иако слабата продажба не може да се игнорира – за првите девет месеци годинава (Fiat ги објавува податоците квартално, така што уште не се знае продажбата за октомври и ноември) се пласирани само 3.569 возила, што е за цели 52% помалку од истиот период лани. Од нив 392 примероци се од 500L, 1.335 од 124 Spider и 1.130 од 500X. Малиот теренец за моделска 2021 година има подобрена опременост, 1,3 литарски турбо бензинец со 177 KS, 9-степен автоматски менувач и 4×4 погон, сето по цена од 24.480 долари, плус уште 1.495 за трошоци за испорака.