Tags: ,
» Денешниот ден во ретровизор <br/>9 мај 1950 година

72 години Seat (видео)

» Seat го прославува својот 72-ри роденден. Од 9-ти мај 1950 година до денес, брендот што ја стави Шпанија на тркала претрпе длабока трансформација и демонстрираше постојан капацитет за повторно развивање. Во текот на изминатите години шпанскиот производител на автомобили лансираше безмалку 80 модели, вклучително и различни верзии и генерации, меѓу кои и некои поголеми кои означија пресвртница. Почнувајќи од 1953 година со Seat 1400, првиот автомобил произведен од компанијата и со легендарниот Seat 600 кој беше претставен во 1957 година и наскоро стана симбол на слобода и мобилност. Во 1984 година пристигна првата генерација на Ibiza, а во 1999 година и Leon, кој е успешен во продажбата уште од неговото лансирање. 2016 година беше исто така извонредна година – компанијата навлезе во SUV сегментот со Ateca, по што следуваа Arona и Tarraco.

Во 2018 година компанијата повторно го ревитализира својот капацитет за реинвенција и ја создаде Cupra, независна марка што беше создадена со цел да влезе на нови пазари и да освои нови клиенти благодарение на неговиот современ дизајн и спортски карактер. По лансирањето на Cupra Ateca и новото семејство Cupra Leon, производителот на автомобили го претстави и Formentor, првиот модел уникатно дизајниран и развиен за брендот, а сега и првиот целосно електричен модел, Born.

Еволуцијата и модернизацијата на автомобилите е постојана во текот на целата историја на Seat, што последователно додаде технолошки развој во сите аспекти на автомобилот – од електрифицирање на неговиот асортиман до имплементација на најнова технологија во смисла на безбедност и поврзаност. Приложеното видео претставува главна рекапитулација на 48 фундаментални модели од историјата на компанијата со кое се оддава почит на минувањето на времето, еволуцијата, растот и прилагодувањето во општеството на кое Seat му служи. Исто така, покажува како Seat го развива својот карактер со сите драстични промени и иновации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *