Tags:
Најавен нов DS 4

DS 4 се враќа

» Скоро заедно со луксузниот DS 9 кој е предвидено да се појави во продажба во септември идната година, францускиот производител ќе ја дополни гамата и со нова генерација на DS 4. Позициониран како премиум модел од Ц-сегментот, тој ќе биде базиран на EMP2 платформата на PSA и ќе има должина од околу 4,35 метри. За разлика од првата генерација треба да биде дизајниран предизвикувачки, со атлетска силуета. Предвидени се бројни напредни технологии, а погонските групи ќе бидат електрифицирани – во прес соопштението на производителот посебно се споменува плаг-ин хибридната верзија која комбинира 1,6 литарски турбо бензинец и електромотор со вкупно 225 KS, осумстепен автоматски менувач и електрична автономија од повеќе од 50 km.

Според претходни информации, ќе се произведува во погоните на Opel заедно со идната генерација на Astra.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *