Mitsubishi Eclipse Cross ќе биде достапен и во Европа
» Под притисок на дилерите, јавноста и секако профитот, Mitsubishi реферираше во своите ставови и сé уште нема да ја напушта Европа – обновениот Eclipse Cross се очекува во март идната година да се најде во продажните салони на марката. Покрај со 1,5 литарскиот турбо бензинец, ќе биде понуден и во новата плаг-ин хибридна варијанта.
Овој кросовер во новата моделска година влегува детално обновен. Со рестилизацијата што ја направи јапонскиот производител го загуби необичното задно стакло од два дела кое е заменето со конвенционално големо задно стакло. Доби и поинакви задни светла, а изменети се и вратата на багажникот, задниот дифузор и спојлерот на покровот. Корекции се направени и кај предниот браник и маската која сега е црна, а во внатрешноста нови се 8-инчниот дисплеј и сребрените детали. Mitsubishi уште ги нема објавено спецификациите за хибридниот погон на Eclipse Cross PHEV – единствено е познато дека потрошувачката на гориво изнесува 1,8 l/100 km а емисијата на CO₂ 41 g/km, како и дека на струја ќе може да помине вообичаени околу 50 km.