Нов SUV со 7 седишта на VW место Tiguan Allspace
» Малку знаеме за понудата на Volkswagen за кинескиот пазар која е побогата и во некои случаи ексклузивна бидејќи дел од моделите не се достапни надвор од земјата, меѓутоа еден би можел да стигне во Европа. Се работи за SUV со 7 седишта со ознака Tyron, базиран на MQB платформата.
Токму тој според интерни документи од VW се разгледува како замена на продолжената верзија на Tiguan, која сега под називот Allspace се увезува од Мексико. Плановите на Германците се кога ќе дојде време за негова нова генерација, бидејќи примарно е развиен за пазарот во САД место него да биде понуден Tyron, кој е нашето пократок и повеќе одговара на барањата на европските купувачи. Ова и нема да биде изненадување бидејќи доаѓањето на овој SUV во Европа како можност беше спомената уште при неговото претставување во 2018 година. Би се произведувал во главната фабрика на Volkswagen во Волфсбург во Германија почнувајќи од 2024 година, што всушност значи дека тоа би бил модел базиран на наредната негова генерација.