Tags: , ,
Tехнологија од повисоките класи за надградениот Kia Rio

Освежен дизајн за посмел и попривлечен изглед

» Во салонот на Киа Моторс Македонија веќе може да се види со што значајно е надградена четвртата генерација на Kia Rio. Надградениот модел се карактеризира со низа подобрувања за повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на високо-конкурентскиот Б-сегмент.

Rio ќе биде понуден во три нови нивоа на опреми кои ќе се комбинираат со два агрегати. Првото ниво е Base, па следуваат изведбите Reference 1 и 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1,2 литарски бензински мотор со петстепен мануелен менувач и 84 коњски сили, додека во повисоките опреми е вклучен и 1,0 литарскиот бензински погон со 100 коњски сили кој има можност да се добие со шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и благиот хибрид кој доаѓа со 1,0 литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.

Нивото Base во себе вклучува опрема како, ESC систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени EBD-ABS контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучника, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming. Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој има сé од пониското ниво и дополнително FCA систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8-инчен дисплеј чувствителен на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање. Најопремената изведба е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светлата, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред, стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

Емилио Херера, главениот оперативен директор на Kia Motors Europe, при презентацијата на обновениот Rio посочи: „Rio е важен автомобил за Kia во Европа и ширум светот бидејќи е прв Kia автомобил за многу возачи. Обновениот модел се базира на клучните предности на автомобилот – практичност, квалитет и технологија со напредни карактеристики на безбедност и телематика, кои честопати се наоѓаат во автомобилите од повисоките сегменти. Убедени сме дека овие надградби ќе го направат Rio поуспешен од кога било“.

Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната веб-страна или во салоните на Киа Моторс Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *