Германски спој на италијанска и чешка техника
» Многу луѓе имаат неверојатно луди идеи, но малку можат да ги претворат во реалност. Германскиот инженер Алфред Шмаус е еден од нив. Тој пред неколку години на интернет видел прилика што му била интересна – некој продавал 2,5 литарски воздушно ладен V8 мотор од Tatra 603 за само 500 евра. И го купил, не знаејќи што ќе прави со него. По некоја случајност како обожавател на мотоциклите имал стар Moto Guzzi V7 850 GT од ’72 година, кој му дремел во гаражата и идејата да го вгради во неговата рамка дошла сама по себе. За нејзина реализација му требале три години и 2.000 часа работа за кои требал да реши многу технички проблеми. Еден од нив е и сместувањето на резервоарот за гориво кој сега е меѓу седиштето и менувачот – она што изгледа како резервоар е всушност само хауба под која се кријат карбураторите, филтрите за воздух и системот за палење.
Но успеал во сé, дури и да го регистрира за редовен сообраќај неговото дело тешко 350 килограми половина година после снимањето на ова видео.