Tags: , , ,
Обновена електричната верзија на Hyundai Kona (видео)

Нов изглед, побогата опрема, иста механика

» Со рестилизираната Kona во класичните изведби Hyundai нé запозна уште на почетокот на септември, додека електричната верзија беше обновена дури сега. И тука најголемите измени кои генерално се од суптилен карактер, се на предниот дел – променет е браникот и нови се ЛЕД светлата. Слични се зафатите и на задниот дел, а понудата е збогатена со девет нови бои на каросеријата. Ентериерот е модернизиран со нова дигитална опрема, поквалитетни материјали и амбиентално осветлување, а на подолгиот список безбедносни асистенти се додадени нови ставки.

Механиката остана иста – во понуда и понатаму ќе бидат две верзии. Основната ќе има 136 KS со кои ќе може да постигне максимални 155 km/h и батерии од 39,2 kWh доволни за автономија од 305 km, додека посилната располага со 204 KS и батерии од 64 kWh, кои овозможуваат максимални 167 km/h и 484 km поминат пат. И кај двете верзии 80% од капацитетот на батериите на брз полнач од 100 kW се добива за 47 минути.

Електричната Kona досега е продадена во 120.000 примероци, од кои 53.000 во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *