Никогаш заедно, а сега обединети
» Креирани од страна на Bertone, овие три феноменални концепти на Alfa Romeo независно еден од друг под ознаките B.A.T. 5, 7 и 9d дебитираа на салонот на автомобилите во Торино во 1953, 1954 и 1955 година. Иако настанати со заедничка идеја која јасно произлегува од нивната ознака која е кратенка од Berlina Aerodinamica Tecnica, тие никогаш не беа изложени заедно. Затоа и самата најава дека аукциската куќа RM Sotheby’s ќе ги продава привлече големо внимание – онлајн наддавањето го следеа дури милион луѓе. Имаше и многу активни понудувачи од сите краишта на светот, за на крај да се постигне цена од 14.840.000 долари, правејќи ги меѓу најскапо продадените автомобили на италијанската компанија.