» , ,
Два јубилеја на Lexus (видео)

Милион автомобили за 30 години

» Првите свои возила Lexus ги пласираше на европскиот пазар пред точно 30 години, во 1990-тата. Тогаш во понудата имаше само еден модел – големиот LS 400 и успеа да продаде 1.158 автомобили.

За овие три децении најпродаван Lexus во Европа е RX со 294.284 примероци, на втората позиција е IS (202.210), а трети NX (155.366). Следат CT (97.637 автомобили), GS (74.998), LX (58.234) и LS (39.059). Јапонскиот производител успеа да продаде и 38 примероци од суперспортскиот LFA, кој се произведуваше од 2011 до 2014 година. Вкупно за сите 30 години Lexus на Европјаните им продаде точно милион возила. Значајно е тоа што дури 45% од нив се со хибриден погон, кој стана заштитен знак на марката – денес електрифицираните модели на Lexus учествуваат со дури 96 отсто во продажбата во Западна Европа.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *