Tags: ,
Kia има план S

Нова стратегија за електричните возила на Kia

» Новиот шеф на Kia, Хо Сунг Сонг, има сериозни развојни планови – до 2025 година компанијата да направи масовна селидба на моделите во областа на електричната мобилност. Самата ознака на овој план – S како Shift, означува и промена на досегашниот пристап. Искрено, Корејците ниту сега не заостануваа со електрично задвижуваните модели, но ако се верува на новата стратегија до 2025 година се очекува целосна електрификација. Тоа би требало да биде поддржано со 25 милијарди долари, што би значело развојни трошоци во висина од по цели 5 милијарди на годишно ниво. Колку за споредба, Tesla во идните две години за развој има планирано 12 милијарди долари.

Оперативниот план предвидува развој на PBV (Purpose-Built-Vehicles), односно наменски транспортни возила со автономно управување и електрични автомобили. Со новиот пристап компанијата предвидува 11 електрични возила и хибриди до 2025-тата и уште 7 чисто електрични возила до 2027 година. Електричните возила ќе бидат направени на основа на новата E-GMP (Electric-Global-Modular-Platform), а г-дин Сонг е убеден дека до 2026 ќе бидат пласирани 500 илјади електрични и уште толку плаг-ин автомобили.

Не помалку битен е фактот што Kia ќе го менува и логото кое ќе има форма на електричен соленоид, јасно имплицирајќи ја новата стратегија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *