Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,
Цени на горивата кај нас и во Европа

Најскапо во Холандија, најевтино во Русија

» Порано патувавме и колку-толку знаевме колку чинат горивата во Европа, барем во земјите низ кои поминувавме. Сега сме статични, но цените на горивата не се – тие си се менуваат како што се менуваат. И иако никој кај нас веќе не го поставува прашањето колку чинат горивата во странство, ние ви ги сервираме и тие информации.

Како што се гледа од табелата (цените се дадени во евра), додека кај нас чини 0,956 евра пресметано според средниот курс на народната банка, бензинот 95 е далеку најскап во Холандија – дури 1,517 евра за литар, а најевтин во Русија – само 0,518 евра. Дизелот пак најскап е во Албанија 1,367 евра (кај нас 0,835 евра), а најевтин повторно во Русија – 0,522 евра. Од земјите околу нас бензинот е најскап во Грција каде чини 1,435 евра за литар, а најевтин во Турција – 0,739 евра, каде и за дизел се плаќа најмалку – 0,662 евра.

Во табелата се дадени просечните цени на горивата, кои скоро секаде се разликуваат буквално од пумпа до пумпа, од ден до ден.

земја бензин 95 дизел
Австрија 1,070 1,010
Албанија 1,367 1,367
Андора 1,002 0,858
Белгија 1,299 1,265
Белорусија 0,586 0,586
Босна и Херцеговина 0,925 0,917
Бугарија 0,892 0,866
Велика Британија 1,265 1,308
Германија 1,214 1,027
Грција 1,435 1,155
Данска 1,452 1,197
Естонија 1,231 0,959
Ирска 1,240 1,138
Исланд 1,333 1,265
Италија 1,401 1,265
Кипар 1,078 1,095
Косово 1,050 1,000
Латвија 1,087 0,976
Литванија 1,044 0,900
Луксембург 1,104 0,934
Македонија 0,956 0,835
Малта 1,342 1,214
Молдавија 0,781 0,654
Норвешка 1,418 1,230
Полска 0,993 0,976
Португалија 1,392 1,206
Романија 0,934 0,917
Русија 0,518 0,518
Сан Марино 1,308 1,146
Словачка 1,180 1,002
Словенија 1,002 1,002
Србија 1,155 1,206
Турција 0,739 0,662
Украина 0,688 0,671
Унгарија 1,053 1,027
Финска 1,435 1,231
Франција 1,342 1,223
Холандија 1,571 1,163
Хрватска 1,172 1,112
Црна Гора 1,140 0,970
Чешка 1,027 0,993
Швајцарија 1,214 1,274
Шведска 1,358 1,350
Шпанија 1,163 1,036

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *