Мистериозен сообраќаен знак во Германија
» Сé е во ред во вашето познавање на сообраќајните знаци – овој што го гледате не се учи во авто-школите. Поставен на 13 места на автопатот А9 кој води од Минхен кон Инголштат ги збунува возачите веќе четири години. Тешко може да се протолкува неговиот необичен симбол и црно-белата боја кои оставаат мистериозен впечаток. Но, тоа важи за луѓето, бидејќи неговата форма и боја се најчитливи за оние за кои е наменет – автономните возила, на кои им овозможуваат да ја утврдат својата точна положба.
На овој дел од мрежата автопатишта во Германија производителите ги тестираат автономните технологии, користејќи ги реалните сообраќајни услови како испитна лабораторија во пилот проектот Digital Testfeld Autobahn. Во него се вклучени и телекомуникациските компании и ИТ индустрија кои тука ја тестираат дигиталната комуникација меѓу инфраструктурата и автомобилите. Освен овој мистериозен сообраќаен знак поставени се и посебни рефлектори кои им помагаат на радарите и сензорите при автономното возење.