Tags: ,
Европа реши – намалување на CO₂ за 60%

Редукцијата на CO₂ ќе ги исфрли класичните мотори од игра

» Следат големи промени во климатската политика на ЕУ кои ќе се одразат на индустријата и автомобилите – европската комисија побара целта за редукција на штетните гасови што го загадуваат воздухот да се зголеми од 40 на 55 отсто до 2030 година во однос на 1990-тата, но европскиот парламент отиде чекор подалеку и со мала разлика во гласањето усвои 60-процентно намалување.

Што тоа конкретно значи? За индустриското производство е појасно – ќе мора да се емитуваат помалку јаглерод диоксид и други гасови. Истото важи и за возилата, каде постигнувањето на целта е малку покомплицирано. Со овие мерки производителите на возила ќе мора да ги намалат емисиите не само од своите погони, туку и кај возилата што ги произведуваат. А тоа нема да биде можно без исфрлање на класичните мотори со внатрешно согорување – бензински и дизели и нивна замена со електриката. Во плаг-ин погонските групи не се гледа некоја голема помош бидејќи моменталното расположение не им е наклонето – од повеќе места стигнуваат информации дека нивните возачи баш и не ја користат можноста да ги полнат со струја преку ноќ, туку дека почесто ги возат како да имаат класични хибридни мотори, користејќи ги само бенефитите од регенерацијата на енергијата.

Оваа одлука на европскиот парламент не е конечна – следи уште и расправа во секоја од земјите членки, но изгласаниот предлог јасно дефинира по кој пат ќе тргне Европа, а и ние со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *