Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,
Осум од десет најбрзо продавани возила во САД не се американски

Најбарани далекуисточните модели

» Додека ние во Европа ја гледаме продажбата на возила единствено преку бројот на пласирани примероци, а трендот со процентот на зголемување или намалување споредено со истиот период лани, во САД каде сé се врти околу бројките имаат повеќе перспективи како да ги гледаат. Една таква која воопшто или ретко се среќава во Европа е брзината со која се продава одредено возило, односно просечното време кое го поминува на плацевите на дилерствата пред да го најде својот купувач.

Зафаќајќи се на детална анализа на преку 4,4 милиони нови и половни автомобили, истражувачите на iSeeCars направија топ-листа на најбрзо продавани возила во земјата, која е доста интересна. Како и не би, кога меѓу првите десет дури осум не се од американски марки. На врвот сепак се наоѓа домашен модел – Chevrolet Trailblazer, кој во просек се продава за само 19 дена. Причината сепак не е „домашна“ – тој е сосема нов, на пазарот беше лансиран пролетва за да пополни пазарна дупка во понудата на GM, а се произведува во Јужна Кореја заради што испораките се ограничени. На одличниот пласман сепак влијаат и атрактивното пакување и цената под 20.000 долари. После него следат два модела на KiaTelluride и Seltos, со просечни 25,7 односно 31,3 дена потребни за продажба. Првиот голем вториот мал, и двата се нови и на пазарот, и во понудата на марката. Слично е и со петтопласираниот Hyundai Palisade, технолошкиот роднина на Telluride, кој чека 39 дена пред да се продаде. Меѓу нив се наоѓа хибридната верзија на Honda CR-V со 35,2 дена.

На шестата позиција е единствениот „европеец“ – малиот и сосема нов Mercedes GLB на кој му се потребни 40,5 дена да се продаде, зад кој следи Chevrolet Bolt со 41,7 дена, кој е единствен по две нешта – со електричниот погон и со тоа што не е кросовер. Топ-10 листата на најбрзо продавани модели во САД ја комплетираат тројца „јапонци“ – Toyota RAV4 Hybrid (42,5 дена), Subaru Crosstrek (44,7 дена) и Lexus GX (46,1 дена). Инаку, просечното време кое еден нов автомобил во САД го поминува додека се продаде изнесува високи 96,9 дена. Побрзо од просекот се продаваат хибридните (62,5 дена) и електричните возила (70,2 дена), а побавно пикапите (104 дена) и спортските автомобили (107,2 дена).

Во контекст на целата приказна треба да наведеме и дека иако марките не им се американски, покрај Bolt уште и Telluride, CR-V и RAV4 се произведуваат во САД, додека GLB доаѓа од Мексико. За Trailblazer кажавме, додека останатите се произведуваат во матичната земја од каде им е и марката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *