Tags: , , , , , , , , , ,
Возачите на VW најмногу ги тетовираат своите возила на себе (видео)

Volkswagen најмногу се сака

» Инстраграм издава – анализата на фотографии од тетоважи на возила кои нивните сопственици ги направиле на своето тело и ги објавиле на оваа социјална мрежа напросто изненадува. Не самиот факт дека некој тоа го сторил, можеби малку колку е тоа раширено, а најмногу дека возачите на Volkswagen толку многу ги сакаат своите возила што најчесто ги тетовираат на себе. Анализата ја направила американската агенција Compare the Market која открила 5.507 луѓе со некој модел на VW истетовиран на своето тело, што е два ипол пати повеќе од оние што возат Jeep, кои ги имало 2.139. Понатаму следат Cadillac (1.775 тетоважи), Pontiac (1.609), и Chevrolet (1.417), чиј модел Impala е најчесто тетовираниот од своите сопственици – точно 823 пати. Тотално изненадување е славниот DeLorean кој од многу блиску го следи со 800 тетоважи, а далеку зад него се Corvette (180), Бубата на VW (147) и Mini (116).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *