Tags: ,
Во Франција „зелен данок“ и до 50.000 евра

Ако не можеш по самарот…

» Предлог-буџетот на Франција за идната година може многу што да смени во сликата на пазарот на луксузни и спортски возила, бидејќи се планира повеќе од двојно зголемување на еколошките такси што ќе ги плаќаат купувачите на возилата што многу трошат. Основа за оданочување, како и досега, ќе биде бидат емисиите на јаглерод-диоксид кои возилата ги испуштаат, при што минималниот праг над кој ќе се наплатува таканаречениот „зелен данок“ ќе се намалува, а неговата висина зголемува. Според планот, автомобилите што испуштаат повеќе од 225 грама јаглерод диоксид на километар идната година ќе се оданочуваат со максимална стапка од 40.000 евра, а во 2022-рата со 50.000 евра, или максимум 50 отсто од вредноста на возилото.

Ако предлогот помине, со него Франција ќе додаде на притисокот врз автомобилската индустрија за намалување на емисиите на CO₂, кои според планот на ЕУ место сега очекуваните 40 отсто од нивото од 1990 година, до 2030-тата треба да се намалат за 55 отсто. Со иста цел многу држави ширум светот применуваат низа пристапи за забрзување на процесот за чистење на издувните гасови од моторите со внатрешно согорување. Некои дури и радикални – Калифорнија неодамна објави дека планира до 2035 година да ја забрани продажбата на возилата со класични, па дури и хибридни мотори, а кинеската влада потроши 30 милијарди долари за поттикнување на својата индустрија за електрични возила. Ефект секако даваат и субвенциите за еколошките возила.

Франција и сега има највисок „зелен данок“ во Европа кој изнесува до 20.000 евра, за разлика од на пример Белгија или Италија каде тој максимално е 2.500 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *