Однадвор стар, одвнатре модерен
» За сите љубители на историските возила но и за сите кои сакаат да привлечат внимание, компанијата Carrosserie Caselani од местото Соспиро во близината на Кремона, Италија, има интересен предлог – нудат комплет китови за трансформација на изгледот на модерните Jumpy и Jumper по углед на класичното Type H комби возило на Citroen од периодот после втората светска војна. На располагање се бројни варијанти – од шасија преку комби до кампер и специјализирани изведби, по цена која заедно со монтажа и лакирање изнесува од 10.800 до 19.800 евра. Како изгледаат после конверзијата, погледнете во видеата.