Tags: , ,
Aston Martin V12 Speedster (фото галерија)

Се бројат преостанатите примероци

» Здивоодземачкиот V12 Speedster е креација на Q by Aston Martin дивизијата на британскиот производител опишан како радикален и бескомпромисен родстер. На инженерите им требаа само 12 месеци да го направат првиот прототип на овој модел вкрстен меѓу Vantage и DBS Superleggera, кој на јавноста го покажаа во март. Сега после половина година тие успеаја да го доведат неговиот развој до најзначајната фаза – тестирањата на пат. По тој повод Aston Martin нé почести со нова тура фотографии. Во него ќе се вградува 5,2 литарски твин-турбо V12 мотор со 700 KS и 753 Nm, кој во пар со осумстепен ZF менувач и погон на задните 21-инчни тркала ќе го забрза до 100 km/h за 3,5 секунди и дотера до електронски ограничените 300 km/h. За запирање од таа брзина ќе се грижат карбон-керамичките сопирачки.

Цените му стартуваат од 765.000 фунти, а испораките се најавуваат за првиот квартал идната година. Ќе биде произведен во ограничена серија од само 88 примероци,од кои не е јасно колку има останато нерезервирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *