Tags: , ,
Mercedes-AMG GT Black Series (огромна фото галерија)

Портокаловото е новото црно

» Изобилство адреналин спакуван во портокалово – тоа е новиот AMG GT од „црната серија“, најекстремниот, најмоќен и најскап модел на Mercedes. Следејќи ги стапките на иконските Black Series модели од минатото кои беа изведени од SLK, CLK, SL, C63 и SLS, и новиот член на AMG семејството е инспириран од тркачите GT3 и GT4 верзии, со многу јаглеродни влакна, големи отвори за воздух и сé што треба за да се зголеми моќта. А таа доаѓа од 4,0 литарскиот битурбо V8 кој испорачува 730 KS и 800 Nm, за 145 KS и 100 Nm повеќе од претходно највисоко рангираниот GT R Pro. За да се справи со целата таа коњица, AMG GT Black Series има унапреден седумстепен менувач со двојна спојка и оптимизирана аеродинамика со огромно задно крило која може да генерира повеќе од 400 килограми сила на прилепување при брзина од 250 километри на час. Сè што е кажано и не е, доволно е тој да постигне 100 km/h за 3,2 а 200 за помалку од 9 секунди, додека може да се пофали со максимална брзина од 325 km/h.

Дарежливоста на Mercedes има и своја цена која Германците не ја потврдија, но во секој случај е огромна – исто како и фото-галеријата што ја приложија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *