Не, не е дизел, ниту на плин
» Кога во 1998 година се појави филмот Такси, сите пасионирани автомобилисти се прашуваа каков мотор има таксито на Даниел. „Лицитирањето” одеше од за Peugeot 406 стандардниот 1,8 литарски 90-коњски четирицилиндричен агрегат до најмоќниот 2,9 литарски V6 навиен на кој-ли-ќе-знае-колку коњи, а имаше и такви кои тврдеа дека како и секој такси, и овој е опремен со дизел мотор. И да се споменува нешто во филмот тоа би било само приказна, а вистината а ниту од продукцијата, ниту од Peugeot не ја открија и тајната ја чуваа долго време.
Со многу напори, ентузијастите сепак конечно дознаа. Во филмот се користени повеќе идентични автомобили – некои велат шест, од кои еден бил тркачки. Судбината не им се знае, освен на првиот кој се наоѓа во музејот на Peugeot во Сошо. Токму таму, автомобилот го претстави Франк Галиег, шеф на Movie Cars Central компанијата специјализирана за изнајмување на филмски автомобили. Во видеото тој кажа дека под поклопецот култното марсејско такси се крие V6 со 194 KS, како и дека возилото има поминато 10.000 km.