Круна на успехот
» Покажувајќи ги уште на почетоците своите амбиции да ги освои светските тркачки патеки, Аlfa Romeo постојано го усовршуваше легендарниот Tipo 33. Со текот на годините победите се редеа, секоја наредна поимпресивна од претходната, за во 1975 година да биде освоена првата светска шампионска титула. Својот сон италијанските инженери го постигнаа со петтата итерација на моделот означена како 33 T12. Карактеристика на овој болид тежок 670 kg беше цевкастата шасија, Telaio Tubolare на италијански, од каде е и кратенката во ознаката. Трилитарскиот V12 мотор со агол меѓу цилиндрите од 180° способен да развие 500 KS при 11.500 вртежи во минута го дотеруваше до 330 km/h. Доминацијата беше апсолутна – во рацете на извонредните возачи победи на седум од осумте трки колку што се бодуваа за шампионатот.