Tags:
Спортскиот звук не значи и спортски перформанси

Многу врева за ништо

» Сите ние, посебно оние кои имаат автомобил со издувен систем кој дава спортски звук, мислиме дека тоа ја зголемува силата на моторот. Но, не е така – таа дури може и да се намали заради неповолното вртложење на издувните гасови. Имено, вистинските (читај: скапите) спортски издувни системи внимателно се проектирани за да може моторот што полесно да ги исфрли издувните гасови, односно што помалку енергија да се потроши на празнење на коморите за согорување. Во тоа помага потпритисокот во целиот издувен систем кој едноставно кажано ги влече надвор издувните гасови од цилиндрите. За издувните системи со високи перформанси се користат лесни материјали и помалку звучна изолација, а за тркачките возила се вадат и придушувачите и катализаторите. Токму тоа е она што го дава добриот спортски звук.

Инженерите и кај сериските и кај тркачките автомобили при проектирањето на издувниот систем внимаваат уште на еден фактор – спречување на враќањето на издувните гасови према моторот како последица од работењето на цилиндрите. Исклучок од ова се двотактните бензински мотори кај мотоциклите, каде тоа е поволно и потребно бидејќи тие смесата воздух-гориво ја компримираат со помош на движењето на клиповите и геометријата на куќиштето на коленестото вратило.

Ако сето ова ви звучи премногу стручно, доволно е да запомните дека ако сакате спортски звук тогаш треба да барате издувен систем прилагоден на вашето возило, односно неговиот мотор, внимавајќи притоа и на генерацијата, односно годината на производство бидејќи при модификувањето на компонентите се прави цела низа зафати – од измена на геометријата на вентилите преку управувачката електроника на моторот сé до издувниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *