Tags:
ExtremV (2*видеа)

Сетеренско возило за спасувачки служби

» ExtremV е сетеренско возило на гасеници, наменето за спасувачки служби и транспорт во секакви опасни ситуации. Има должина од 8,7 метри, широчина од 2,3 и височина од 2,6 метри. Искачува наклони од 100%, постигнува максимална брзина од 65 km/h а низ вода може да вози со 4 km/h. Тежи 8 тони, а има носивост од 5 тони и простор за 14 луѓе, 4 во предниот и 10 во задниот дел. Се задвижува со мотор од 300 коњски сили преку автоматски менувач со осум степени за возење нанапред и еден за наназад. Управувањето е хидраулично, а за свртување му треба простор од 8 метри. Задниот дел е модуларен и место кабина за превоз на луѓе може да биде било што – подвижна амбуланта, генератор, систем за комуникации или третман на загадени води, па дури и обична приколка за превоз на стоки или платформа со монтирани специјални алати, на пример рака од багер со корпа, а по потреба и напред може да биде монтиран плуг. Цената му изнесува околу милион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *