Како на послужавник!
» Искористување на просторот е умешност која инженерите на германската компанија Wöhr очигледно добро ја имаат совладано. Нивниот систем за паркирање Turntable 505 специјално е направен за тесен простор на кој ниту едно возило не може да се сврти. За да не мора да се вози напред-назад, со помош на овој систем тоа едноставно се ротира. Платформа со пречник од 4,50 метри има носивост од 4 тони и може да биде изведена во две варијанти – со метална површина или заварена конструкција на која може да се стави било каква подлога. Погледнете како сето тоа функционира.