Tags: , , ,
Opel Mokka-e (фото галерија)

Новиот кросовер ќе стартува со електрика

» Честа прва да се претстави пред јавноста ја имаше целосно електричната верзија на Mokka, која ја има најнова корпоративна техника. Првата Mokka на пазарот се појави во 2012 година како технолошки близнак на Chevrolet Trax, во тоа време како очекуван потег поради припадноста на Opel кон групацијата General Motors. Присутноста на пазарот од 8 години јасно дава до знаење дека со Mokka Opel го погоди вкусот на бројни купувачи. Но, околностите се сменија – сега Opel е дел од PSA групацијата, па очекувано е наследникот да го продолжи трасираниот пат и по можност да го надoгради компактниот кросовер со најнови технологии.

Иако прогнозите најчесто одеа во правец на гасење на моделот, стратезите на Opel решија моделската офанзива да ја продолжат со целосно нова негова верзија. Зошто, ќе прашаат неупатените, бидејќи Opel веќе го има Crossland X кој концепциски, а и по димезнии, е многу близок со Mokka. По детално разгледување на Mokka станува јасно дека и целната група купувача значително се разликува од технолошкиот близнак. И покрај тoј пресметан ризик, од компанијата решија да развијат целосно ново возило. Причините можат да се насетат – Mokka за време на својот 8-годишен престој на пазарот се стекна со одлична репутација и бројни задоволни клиенти.

Mokka-e е со позната механичка основа

Запознавањето со вградената механика веднаш не носи на познат корпорациски терен. А таа коцепција веќе е применета кај Peugeot 208 и 2008, како и кај новата Opel Corsa. Конструкторскиот пристап е едноставен колку што е и комплицирана неговата изведба. На една иста платформа, во случајот CMP (Common Modular Platfrom), може да се вградат мотори со внатрешно согорување, но и чисто електричен погон со батерии. Кај новата Mokka-е изразено во бројки тоа значи батерии со капацитет од 50 kWh, максимална силина на моторот од 136 KS и, можеби најзначајното, автономија од 322 километри кога се вози во Normal режимот. Покрај него постојат уште два начина на возење – Eco и Sport. Првиот обезбедува побавно трошење на батериите, а вториот прави поголем спортски мерак. Приклучен на брз полнач од 100 kW, на Mokka-е се доволни половина час за полнење на батериите до капацитет од 80%.

Опрема од повиоките класи

Да додадеме дека новата Mokka е за 120 kg полесна од претходникот и за 12,5 cm пократка. Се разбира, кај електричната верзија батериите тежат многу повеќе отколку остварената диета, но тоа е веќе друга приказна. Новиот визуелен идентитет на предниот дел наречен Opel Vizor ќе ги краси и идните модели на брендот. Внатрешноста јасно дава до знаење кон кои купувачи цели производителот. Таа е потполно дитализирана со два екрани пред возачот, поради што и е дадено и име – Opel Pure Panel. Кога сме тука да ја споменеме и електричната команда за рачната сопирачка, како и незибежните сертифицирани седишта на кои во Opel се посебно горди.

Заокружувањето на технолошката приказна оди преку целосното LED осветлување, и посебно преку IntelliLux LED Matrix светлата со по 14 светлечки елементи. Безбедносните системи за асистенција силно го истакнуваат своето присуство, како што и прилега на електрично возила со дадутм на производство 2020. Порачките за новата Opel Mokka веќе се отварени, а првите испораки се очекуваат на почетокот на идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *