Tags:
E.D. Abbott (1929-1972)

Мајстори за елегантни спортски автомобили

» Едвард Диксон Абот кој работеше во британската каросерница Page & Hunt ја презеде нивната работилница во 1929 година кога фирмата пропадна и ја преименува во своето име. E.D. Abbott која уште е позната и како Abbott of Farnham според местото каде се наоѓаше на почетокот главно изработуваше специјализирани изведби на камиони што му помогна да го одржи бизнисот за време на економската депресија. Во светот на автомобила станаа познати откако во 1934 година потпишаа договор за испорака на каросерии за Lagonda. Имаа нарачки и за Frazer Nash, а по втората светска војна Sunbeam-Talbot и Healey, како и одреден број уникатни модели на шасиите на Bentley, Jowett, Jaguar, Bristol, Lanchester и други. После ’50-тите години на пазарот имаше сé помалку место за традиционалните каросеристи, но E.D. Abbott преживеа благодарение на договорот со британскиот Ford за изработка на каравански верзии на нивните модели, за конечно во 1972 година компанијата да згасне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *