Tags: , , ,
BMW V16 Goldfisch (1988)- видео

BMW од соништата

» Копајќи по архивите, понекогаш налетуваме на неверојатни потези во автоиндустријата, како што е проектот Goldfisch на BMW. Инженерите посебно беа инспирирани во осумдесеттите години кога отскокнувањето од стандардните рамки беше нормална работа. Исклучок не беше ни BMW, кој немал број пати сакаше да ги покаже своите технолошки способности шокирајќи го светот. Така настана и проектот Goldfisch, концепт базиран на Е32 серијата 7 во кој беше вграден V16 мотор. Како основа беше земен нивниот тогашен V12, на кој со продолжување на блокот за 305 mm и додавање на уште четири цилиндри работната зафатнина му нарасна на 6.651 cm³ од кои беа извлечени 408 KS и 613 Nm. Блокот беше алуминиумски, имаше два вентила по цилиндар и тежеше фасцинантни 310 килограми без гориво и масло. Заради недостаток на простор во предниот дел, системот за ладење беше преселен во багажникот на кој од неговите надворешни страни беа монтирани две големи шкрги за воздух. За да се тестираат подобро неговите перформанси, беше спарен со мануелен менувач.

Концептот беше претставен само интерно, а од BMW велат дека масовното производство никогаш не било на дневен ред. Наводно затоа што не сакале да започнат нова „трка во наоружување“ со останатите германски производители, пред сé со Mercedes.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *