Последниот успешен Fiat
» Беа тоа времиња кога Fiat имаше углед на производител на најдобрите мали автомобили. Развиен под интерната ознака Project 176, Punto кој требаше да го замени успешниот Uno беше претставен во септември 1993-тата. Малку доцна за да се вклучи во изборот за европски автомобил на 1994 година но затоа ја освои титулата за наредната ’95-та победувајќи го Volkswagen Polo. Атрактивниот дизајн му го скрои Џорџето Џуџаро, а каросеријата за четвртина класа беше поголема од Uno и обезбедуваше пристоен комфор назад. Беше достапен со три и пет врати и во кабриолет верзија.
Основниот модел имаше Fire мотор од 1.108 cm³ и 55 KS, со кој благодарејќи на тогаш за оваа класа добрата аеродинамика (0,35) и умерената тежина од 842 kg постигнуваше коректни перформанси и пристојна потрошувачка. Во почетната понуда беше со 1.242 cm³ и 73 KS и со турбодизелот од 1.688 cm³ и 71 KS. Набргу бензинска палета ја збогатија верзиите со 1.242 cm³ со 60 и 73 KS, со 1.581 cm³ и 88 KS a nа врвот беше турбо мотор од 1.372 cm³ кој је развиваше 133 KS. Доби и атмосферска дизел верзија со 57 KS, а како апсолутно прв во класата и шестстепен менувач.
Punto покажа солиден квалитет и издржливост и до крајот на 1999 година беше произведен во убави 3,43 милиони примероци.