Porsche прави и вилушкари
» Брзината не е секогаш пресудна, ниту најважна. Го знаат тоа и во Porsche, кој секогаш се сфаќа како производител на спортски автомобили. Но компанијата од Цуфенхаузен има искуство и во конструирањето нешто супербавно, како што се вилушкарите. Соработката со Linde трае со децении. Инженерското одделение на Porsche најпрво беше задолжено за механичките компоненти, чепкаа нешто и по погонот, но наскоро поработеа и на визуелниот идентитет на вилушкарите кои денес важат за едни од најценетите во светот.