Alfa Romeo е на вистинскиот пат
» Лани во ноември Alfa Romeo најави дека подготвува премирера на спортски модел, последен на бензин пред целосната електрификација. Фановите на италијанската марка кои беа воодушевени наскоро дознаа дека ќе се вика 6C, име кое им е многу добро познато. Сега пак дознаа дека скоро е распродаден, иако уште никој не го видел нити пак слушнал нешто конкретно за него. Тоа е доказ дека Stellantis ја изведе Alfa Romeo на вистинскиот пат.