Пикап за Латинска Америка, електрична Micra за Европа
» Откако конечно ги решија сите заостанати проблеми од времето на Карлос Гон, Renault и Nissan продолжуваат заедно. Во својот краткорочен план алијансата потврди лансирање на повеќе новитети. Меѓу нив се пикап кој ќе се произведува во Аргентина и повеќе SUV модели за Индија. Европа ќе добие повеќе заеднички модели, од кои најинтересен е новата Micra. Базирана на Renault 5, таа со него ќе има 80 отсто заеднички компоненти. Од порано знаеме дека се враќаат Mitsubishi Colt и ASX како препакувани Clio и Captur, кои ќе се произведуваат во Турција и Шпанија, а голема вест е и дека ќе се започне со производство на модели на Renault во Мексико.