Ова сигурно не сте го знаеле
» Менувањето масло во принцип е едноставна работа која бара само малку вештина и трпение, но не и кај ултимативните италијански машини – ако обичен автомобил има еден или поретко два отвори за тоа, Lamborghini Huracan ги има дури осум. Тоа е така заради големината и конструкцијата на V10 моторот низ кој тече голема количина масло кое треба да се исцеди од различни негови делови. Плус на тоа, за да се стигне до картерот треба да се извадат вкупно 57 шрафчиња, а за одвртување на споменатите осум отвори на него се потребни пет различни алатки.