Tags:
Грејачи на дизел моторите – кога работат и зошто

Само при стартување на моторот, никогаш после тоа

» Грејачите на дизел моторите служат за загревање на воздухот пред неговото стартување на ниски температури и за ништо друго. Имено, дизел моторот за разлика од бензинскиот нема свеќички за палење на горивото. Тој во првиот такт всисува воздух, во вториот го компримира на притисок од триесетина бари со што тој се загрева на температури над 500 степени целзиусови и горивото откако ќе се вбризга во него, спонтано само се пали. Проблемот настанува при ниски амбиентални температури, посебно при првото утринско стартување, кога студената главата на моторот го лади компримираниот воздух до температура која е недоволна висока за вбризганото гориво само да се запали. Заради тоа во дизел моторите се вградуваат електрични грејачи кои при негово стартување го дозагреваат компримираниот воздух.

Грејачите се вклучуваат само пред стартувањето на моторот. Кај старите агрегати тие работат фиксен интервал, додека кај поновите тој е променлив во зависност од амбиенталната температура. Заради тоа, кога ќе се даде контакт дизел моторот не треба веднаш да се стартува – треба да се почека да се изгасне контролната сијаличка на инструмент таблата, па потоа да се сврти клучот докрај. Ако не се почека моторот потешко ќе стартува, а при екстремно ниски температури и воопшто нема да запали од прв пат. Сите цилиндри се опремени со посебни грејачи кои служат само за тоа и не се вклучуваат додека моторот работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *