Со помош на Volkswagen
» Ford има сериозни намери да го искористи бум-моментот што го предизвика електричниот Mustang Mach-E да подготви помал спортски модел инспириран од него. За таа цел ќе биде искористена соработката со Volkswagen од каде ќе се преземе погонската основа. Купувачите ќе бидат привлекувани со пократката верзија на MEB платформа искористена кај ID.3. Инженерите на Ford имаат голем избор комбинации на електромотори и батерии, а за што ќе се одлучат зависи од пазарната позиционираност што ќе им ја наложат нивните маркетиншки колеги. Дизајнерски идниот бејби Ford Mustang Mach-E ќе ги има мускулестите линии со долга хауба и подигнати рамења од својот постар брат, задржувајќи го кросоверскот карактер. Детали за тоа кога може да го очекуваме на пазарот не се познати, но сигурно нема да биде во наредните две години.