Промашување како ниедно друго
» Прогласувајќи го за E-Day, на денешен ден 1957 година Ford ја лансираше марката Edsel која подоцна се покажа како најголемо фијаско во автомобилската индустрија. Проектот беше амбициозен – се работеше на него пет години, но со погрешна перспектива. Пазарно требаше да се смести меѓу Ford и Mercury, нудејќи супериорни перформанси, напредни решенија и софистицирани детали, по прифатлива цена. Но, не испадна така – квалитетот беше дискутабилен, името на марката безлично, а дизајнот на маската грд заради што Американците си тераа вицеви. Затоа и покрај обемните и добри завршени подготовки за нејзино лансирање и силната маркетиншка кампања уште првата година огромните амбиции што ги имаше Ford со оваа марка возила паднаа во вода (беа продадени 64 илјади а се очекуваше 400 илјади возила) и после три години и енормни загуби, таа тивко замина во историјата.