
Кога пиеш, не јавај крава
» На денешен ден пред точно 150 години во Велика Британија беше донесен првиот закон со кој се казнуваат пијаните возачи, конкретно на кочиите, парните машини и јавачите на коњи, крави или други говеда. Овие прописи се дел од законот со кој се регулира продажбата на алкохол, неговиот квалитет, работното време на пабовите и друго. Поголем дел од неговата содржина е заменета со посовремена, но некои делови од него важат и ден-денес. За негово непочитување беа предвидени парични казни или затвор.