Првиот автомобил се појави на улиците
» На денешен ден 1886 година Карл Бенз го покажа својот автомобил на јавноста возејќи низ улиците на Манхајм, додека неговиот син трчаше покрај него со шише бензин во раце во случај да снема. Првото пробно возење на Benz Patent-Motorwagen спроведено во тајност претходната година во кругот на фабриката заврши во нејзиниот ѕид. И првото возење надвор од нејзиниот двор, одржано исто во тајност, ноќе, траеше кратко – возилото застана после само неколку стотина метри.