За оние кои сакаат да уживаат во сé
» При крајот на неговиот живот, Huracan добива нови верзии – во очекување на „сафари“ Sterrato, Lamborghini го пласираше Tecnica кој е на комбинација на најдоброто од двата света. Сместен веднаш под екстремниот STO, тој е наменет за оние кои сакаат да го користат и ја јавните патишта, и на тркачките патеки. Задвижуван е со атмосферскиот V10 со 640 KS и 565 Nm, со кои до првата стотка стигнува за 3,2 секунди. Заслуга за ова има употребата на лесни материјали, со кои Италијанците успеаја да ја одржат тежината на прилично ниски 1.379 kg. Поработено е малку и на дизајнот и ќе се забележат стилски детали налик на Sian.