Еден од најфасцинантните американски автомобили
» После втората светска војна купувачите во Америка беа подготвени за автомобили со нов дизајн и техника, ама големата тројка не – тие немаа развиено ништо ново и ги пласираа старите предвоени модели. Ваквата ситуација беше можност за помалите производители на возила, меѓу кои и новооснованата компанија Tucker која на денешен ден ’47-мата го најави моделот со едноставна ознака 48. Модерен и иновативен, тој ги вознемири челниците во Детроит но и американската комисија за хартии од вредност која против сопственикот на компанијата Престон Такер покрена истрага за наводна измама. Се работеше за тоа што тој го искористи интересот што го предизвика неговиот автомобил да собере пари за развој и организација на производството барајќи им на дилерите по 50 долари за секој примерок што очекувале да го продадат во текот на првите две години. Обвинувањата се покажаа неосновани и тој беше ослободен од секој сомнеж, но негативниот публицитет го уништи неговиот бизнис и ѝ пресуди на компанијата која банкротираше. Така, од овој еден од најфасцинантните американски автомобили беа направени само 51 примерок.