Се остваруваат ли електричните соништа?
» Деновите беа интересни кога се работи за новитетите на Audi. Најпрво дознавме за кинескиот Q6 кој всушност и не е баш Audi туку нешто малку различно, но веднаш потоа стигна концептот на електричниот караван A6 e-Tron Avant кој треба да претставува остварување на електричните соништа на Европјаните. Зошто? Едноставно затоа што не е SUV. За да се воздржиме од дополнителни коментари кои можеби ќе бидат сфатени различно отколку што сакаме да ги кажеме, ќе споменеме дека според надлежните во Audi во план е овој концепт да прерасне во сериски модел за некои две години. Според нас, тој треба да ја претставува електричната иднина на Европа, а не ова што сега го гледаме од марката со четирите прстени. Затоа, во случај да сме во право, добро разгледајте го.