Редок како загрозен вид
» Шеесеттите години од минатиот век изобилуваа со автомобили со „раскошни“ линии. Еден таков е и Dodge Polara, кој во ова издание што го гледаме е редок како загрозен вид – направени се 1.768 примероци, од кои денес се преживеани само 5. Овој караван е долг 5,5 метри и има 6 или 9 (!) седишта. Опремен е со 6,3 литарски V8 мотор со 325 коњски сили и тристепен автоматски менувач. Оригиналната цена во 1960 година му изнесуваше 3.500 долари. Колку за споредба, тогаш една просечна куќа во Америка чинела 12.700 долари, а литар бензин 8 центи. Највисока цена што на аукција има достигнато овој автомобил е 176.000 долари, во 2007 година.