Неуспешен обид за спојување на Nissan и Honda
» Според информации кои произлегоа од меѓународни финансиски аналитичари, Nissan и Honda преживеале неуспешен обид за спојување. За него се дознава после неколку месеци откако се случил на почетокот на 2020 година, како иницијатива на јапонската влада. Идејата се родила при крајот на претходната 2019-та, кога советниците на јапонскиот премиер му сугерирале дека е потребно поврзување на двете компании по примерот на Toyota со Mazda, Suzuki, Subaru и Daihatsu. Причината за таквото мислење била што тие сметале дека постои можност за распаѓање на коалицијата на Nissan со Renault, што би ја загрозило компанијата.
Но, обидот за спојување бил отфрлен од двете компании уште пред да стигне за разгледување од страна на нивните управни одбори. Одговорните во Nissan, Honda и во јапонската влада одбија да ги коментираат овие наводи. Единствен кој тоа го стори беше еден поранешен директор на Nissan кој изјави дека спојувањето на Nissan и Honda има смисла само за оние кои не ја разбираат автомобилската индустрија.