Се појави и покрај сé
» Најавен заедно со путиновата лимузина, овој руски делукс теренец на марката Aurus ја носи ознаката Komendant. Беше планирано да започне да се произведува годинава во истата фабрика во Татарстан од каде излегува и Senat и покрај сé така и се случи. Има должина од 5,38 метри, широчина од 2 и висина од 1,82 метри. Меѓуоскиното растојание му изнесува 3,1 метар, а тежината повеќе од 3 тони. Воздушното ослонување, погонот на сите тркала и останатата механика се преземени од Senat, сосе хибридниот 4,4 литарски V8 мотор со 600 KS и деветстепениот автоматски менувач.