Кој го направи Jeep?
» На денешен ден 1948 година американската федерална комисија за трговија издаде забрана Willys да се рекламира дека го создал Jeep. Военото теренско возило настана врз основа на техничките цртежи на компанијата American Bantam која немаше доволни капацитети за масовно производство заради што американската армија ги ангажираше Willys и Ford. Сепак, правата за користење на името Jeep останаа во рацете на Willys.