Tags: , ,
Peugeot e-208: Електричен автомобил на 2021 година во Македонија

Електрика во субкомпактно издание

» Во пресрет на годинешниот избор на автомобил на годината во Македонија, се потсетуваме на електричниот автомобил на 2021 година, Peugeot e-208. Со генерална ориентација да се понуди електрична верзија на секој модел, започна забрзаната електрификација на Peugeot, во чија гама честа да го започне процесот ја имаше токму 208 со својата мултиенергетска платформа. Со почетна цена од 37.750 евра на македонските купувачи им се нуди возило со нулта емисија кое има електричен мотор од 136 KS и батерии чиј капацитет изнесува 50 kWh.

За таа сума се добива одлично дизајнирано и солидно опремено возило со нулта емисија на штетни гасови кое со полни батерии може да помине растојание од 340 километри мерено според WLTP процедурите. За нивно полнење Peugeot има предвидено неколку начини – на обичен домашен 8-амперски штекер, преку домашен трифазен приклучок па сé до ѕидни кутии и брзи полначи од 100 kW. Секако, од полначот зависи и времетраењето на полнење, кое во случај да се користи трифазен домашен полнач од 11 kW трае 5 часа и 15 минути.

Теоретски сметано, за тоа време автомобилот ќе повлече максимално 57,75 kWh струја, која според сегашните цени во евтината тарифа ќе чини точно 222,50 денари. Тоа пак значи дека секои 100 поминати километри сопственикот на Peugeot e-208 ќе го чинат 65,50 денари, односно колку 0,8 литри бензин или 0,9 литри дизел… Плус на тоа, поради отсуството на механичките компоненти (мотор, менувач, преносни оски…) одржувањето на електричните возило е далеку поедноставно и поевтино. Треба да се спомене и дека батериите имаат гаранција од 8 години или 160 илјади километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *